Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради големиот број на починати и заразени со Ковид 19.
-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе.Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.
Од опозицијата обвинија дека Филипче уште мисли дека е портпарол на Министерството, а не министер.
-Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните.Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа го потенцира и ставот на Караџовски во однос на тоа зошто не се направи поголем простор да се тестираат лицата во приватните клиники.
„Бројката на починати е двоцифрена, 15 лица за 24 часа. Бројот на починати на еден милион жители кај нас е пет до седум пати поголем од бројот на починати во соседните земји. Ситуацијата е алармантна веќе подолг период. Состојбата може дополнително да се влоши, особено поради загадениот воздух, кој во комбинација со Ковид-19 е голема опасност за хронично болните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до Филипче хронично болните да ги ослободи од работа“, истакна Митева.