СУГС „Никола Карев” прво пет-френдли училиште

од Nikola Popovski
351 прегледи

Гимназијата „Никола Карев” Ве поканува утре, 21 ноември, во 12 часот, да ја проследите промоцијата на првиот Пет френдли 𝙋𝙚𝙩 𝙛𝙧𝙞𝙚𝙣𝙙𝙡𝙮 училиштен клуб, со што нашата гимназија станува прво пет френдли училиште во земјава. Станува збор за хуманитарен настан за помош на бездомните животни, зад чија организација стојат ученици и професори од гимназијата.

На настанот е потврдено присуство на претставници од ЈП Лајка, од невладините организации за заштита на животните, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина.

За бездомните животни ќе може да се донираат храна, ќебиња, играчки и слично, а дополнително ќе биде организиран хуманитарен базар каде ќе се продаваат разни рачни изработки. Исто така, овој настан ќе биде одлична можност за отворање на многуте прашања за проблемите што скопските населби ги имаат со кучињата скитници.

Со задоволство Ве информираме дека ќе имате привилегија да се запознаете со кучето Коста – омилениот меѓу учениците, кому гимназијата „Никола Карев” му стана дом. Тој ќе добие своја куќичка, топли прекривки и храна. По желба, ќе може да се организира „интервју” со Коста.

Воедно, ќе се води секојдневна грижа и за повеќе локални бездомни кучиња и мачки, за кои се подготвени четири куќички.

„Спаси живот, вдоми љубов”, е мотото на гимназијата „Никола Карев”, првото пет френдли училиште, а учениците велат: „Во училницата на животот, сите добиваме најдобри оценки кога делиме љубов”.

Настанот е вовед и во големиот јубилеј на гимназијата „Никола Карев” – 80 години постоење.

Слични содржини