Поранешниот турски претседател Сулејман Демирел, кој во два од седум мандати како премиер беше симнат од воен удар, почина денеска на 90 години, објавија локалните медиуми.
Тој раководеше влада во 60-тите и 90-тите години и беше претседател од 1993 година и 2000 година. Демирел бил сместен неодамна во болницата “Гјувен” во Анкара со инфекција на дишните патишта. “Господин Демирел беше свесен до последен момент и се збогуваше мирно и достоинствено”, рече лекарот Ајлин Чезур.
Роден во селско семејство во западната провинција Спарта во ноември 1924 година, Демирел завршува инженерство. Тој е првиот Турчин, избран во 1954 година за стипендист на фондацијата “Ајзенхауер” и со години ја претставува во земјата компанијата Morrison Knudsen.
Првото доаѓање на власт е по победата на парламентарните избори одржани 5 години по превратот од 1960 година поддржана од генералите, кои сметаа дека ќе можат да го контролираат. Демирел стана најмладиот премиер во историјата на земјата – само на 40 години.
Тогаш тој раководеше со Партијата на правдата, чии следбеници беа претежно од руралните средини од поранешната Демократска партија забранета од војската. Тој раководеше со нестабилни коалиции во периодот пред доаѓањето на власт на умерените исламисти на Реџеп Таип Ердоган во 2002 година
Демирел немаше деца, а неговите приврзаници го нарекуваа Баба (Тато). Аналитичарите велат дека тој бил феноменален во вештината да преживува во политиката во текот на половина век. Тој ја разбираше прекрасно турската политика,се зборува дека можел да го именува по име градоначалникот на секое поголемо населено место, но слабоста му беше што не умееше да реализира добро идеи, коментира “Њујорк тајмс”.
Според доминантнотто расположение во одреден момент Демирел беше и проевропски реформатор, и жесток противник на плурализмот. Тој се здружуваше со социјалисти, исламисти и дури полуфашистки формации од крајната десница. Два пати беше соборуван со удар – во 1971 година и во 1980 година, Демирел никогаш не го стави под прашање водството на генералите во турската политика, иако презимето му име значи на турски “железна рака”.
Запрашан во интервју зошто толку често ја менува својата политичка ориентација, тој одговори: Dün dündür bugün bugündür (Вчера си е за вчера, денес е за денес), кое стана е неговиот најголем прочуен цитат.
Прагматизмот во политиката не беше обележан со успеси во економијата. Во 70-тите години земјата е заглавено во криза и стагнација, висока невработеност, инфлација над 100% и лошо управуван надворешен долг.
Тој беше противник на курдскиот национализам,ја испраќаше армијата против Курдите и ги затвори очите за апсењата и тортура на курдски активисти. Многумина сметаат дека по стил тој бил поблиску до автократите од Централна Азија, отколку до лидерите на Југоисточна Европа.
Значителен дел од актуелните економски успеси на Турција се должат на наследникот и негово штитеник Тургут Озал, кој со реформите успеа да ги создаде темелите на одржлив развој и модернизација на земјата.
