Сунак: Местото на Украина е во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Британскиот премиер Риши Сунак повика на континуирана поддршка за Украина во војната против Руската Федерација, нагласувајќи дека Украина треба да стане дел од НАТО.

За време на неговото обраќање во британскиот парламент во понеделникот, премиерот истакна дека Велика Британија ѝ обезбедила на Украина речиси 12 милијарди фунти помош од почетокот на војната, со што станала првата земја што донирала смртоносно оружје, а потоа тенкови и ракети со долг дострел, пренесува „Укринформ“.

„Заслуженото место на Украина е во НАТО, а НАТО ќе биде посилен кога Украина ќе биде во него“, порача Сунак.

Како што потсетува киевската агенција, Сунак го посети Киев во петокот и се увери во континуираната поддршка на Велика Британија за украинскиот народ. Тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа безбедносен договор кој предвидува 100-годишно партнерство, годишно обезбедување дополнителна помош за следните 10 години и автоматско донирање оружје за Украина во случај на нов акт на агресија.

Слични содржини