Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека неговата влада сака да види одлучувачка воена победа за Украина на бојното поле оваа година.
„Нашата цел останува да обезбедиме победа на Украина во овој конфликт“, рече Сунак во парламентот, пренесе „Ројтерс“.
Тој нагласи дека Британија ќе продолжи да ја поддржува Украина за да ја обезбеди нејзината решавачка воена победа на бојното поле оваа година.