Сунес за Мората: Се надевам дека идиотите сега ќе го оставаат на мира

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот капитен на Ливерпул од 80-тите години, Греам Сунес го поддржа Алваро Мората, кој доживува големи тешкотии за време на ЕП 2020 – и на теренот и надвор од него.

Шпанскиот напаѓач прави куп грешки, па затоа беше навредуван на социјалните мрежи од незадоволните навивачи кои дури му се закануваа и на неговото семејство.

Вчера играчот на Јувентус се реваншираше донекаде откако погоди за 4:3 во драматичната победа над Хрватска со 5: 3 во осминафиналето.

„Типично е напаѓачите да бидат подложени на притисок. Но, кога тоа влијае на вашата сопруга и децата, тоа е поинаку. Боже, се надевам барем сега овие идиоти ќе се изгубат и ќе го остават на мира“, рече Сунес во студиото на ITV Sport.

Досега, Мората има 2 гола на 4 натпревари и промаши пенал.

Слични содржини