Суниог: Вонредни избори во северно Косово што поскоро и со безусловно учество на Србите

од Radmila Tasevska
239 прегледи

Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томас Суниог, се заложи за што поскоро одржување вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба со министерот за локална самоуправа во владата на Косово, Елберт Красниќи, Суниог преку својата страница на Твитер порача дека на изборите е неопходно целосно и безусловно учество на претставниците на тамошните Срби.

„Разговаравме за предвремените избори во северно Косово со минисерот Елберт Красниќи. Повторив дека предвремените избори треба да се организираат што поскоро во четирите општини и со целосно, сеопфатно и безусловно учество на косовските Срби“, напиша Суниог на Твитер.

Косовските Срби во април годинава ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести во четирите општини, по што премиерот Албин Курти ангажира специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.

Европската унија и САД воведоа санкции кон владата на Курти, со барање за повлекување на специјалците и организирање предвремени избори со учество на претставниците на косовските Срби.

Слични содржини