Супер компјутер: Фриц и Медведев имаат поголеми шанси на АО од Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Тејлор Фриц и Даниил Медведев имаат поголеми шанси за победа на Австралија опен од Новак Ѓоковиќ. Така барем тврди суперкомпјутерот на британската аналитичка агенција Optasportsdata, позната како Opta.

Згора на тоа, Фриц никогаш во кариерата нема освоено ниту еден Гренд слем, а единственото финале кое го одигра летово беше на УС Опен.

Медведев одигра три финалиња во Мелбурн, трите ги загуби, едно од Ѓоковиќ, а преостанатите две кога имаше водство од 2:0 во сетови – против Рафаел Надал и Јаник Синер.

А Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени трофеи на првиот Гренд слем сезонава.

Но, суперкомпјутерот не мисли дека тоа е важно и очигледно е воден најмногу од светската листа. Според него, најголеми шанси има Јаник Синер – 22,99 отсто. Следни се Александар Зверев со 7,17, Карлос Алкараз 5,33, Фриц 4,85, Медведев 4,05 и Ѓоковиќ 3,8.

Само Каспер Руд, кој е на шестото место во светот пред Ѓоковиќ, е поместен назад. Тој е 19-ти во поредокот со 1,14 проценти шанси.

Џек Дрејпер, 15-тиот носител и Томас Махах (26) се промовирани и се на седмата и осмата позиција со 3,47 проценти шанси и 2,77, соодветно.

Кај тенисерките најголем фаворит е Арина Сабаленка со 12,17 отсто шанси. Белорусинката победи на последните две изданија на Австралија опен.

Слични содржини