308
На Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, група супербогати повикаа на зголемување на даноците со цел да се бори против социјалната нееднаквост.
„Изненадени сме што не можете да одговорите на едноставното прашање што ви го поставуваме три години: кога ќе ги оданочувате екстремно богатите“, велат учесниците на онлајн кампањата „Горди да плаќамe повеќе“, барајќи одговор од шефовите на држави во СЕФ во Давос, пренесува Дојче Веле (DW).
Она што е посебно за таа кампања е што нејзините учесници се и самите меѓу најбогатите луѓе во светот, бидејќи иницијативата собра 260 милијардери и милионери.