Супериорна визуелизација во театарската претстава „Мајсторот и Маргарита“

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Македонскиот народен театар со поставувањето на театарската претстава „Мајсторот и Маргарита“, ја ослободи театарската сцена од стегите на функционалниот контекст кој неколку години го киднапираше „театарскиот израз“. Режисерот Иван Поповски, успешно го адаптирал романот на генијалниот руски писател Михаил Булгаков за театрално интерпетирање со нота на хумор, без кој не може да помине кај македонската публика. Маестрално е искористен капацитетот и ефектите кои можат да се постигат со трансформацијата на просторот и движечкиот механизам на сцената. Впечатливо е што режисерот си игра со мултимедијалниот израз и суптилно е вметнат во пет часовната претстава, надополнет со специјални аудиовизуелни ефекти. Музиката е целосно компатибилна со актерската игра и овозможува супериорна естетика која го допира гледачот во моралното обликување.

12314732_10206609620816580_8333255119955909982_o

Апсурдната приказна за „Мајсторот и Маргарита“ е уникатно интерпретирана од исклучителната актерска игра на актерот Никола Ристановски, кој фрли ново светло за ликот на апсолутното зло,  некомпромисната Сатана. Флуентен во репликите, исклучителен во фацијалната експресија, надополнета со одлична костимографија и шминка, карактерот на Ристановски е аналогија на целосното дејство. Од самото отворање на претставата, со појавувањето на Берлиоз и Бездомни, веќе се насетува актерската суперирност, која понекогаш не може да се ослободи од стегите на актерите во улога на актери. Каратерот на „Мајсторот“ е вешто портретиран од страна на актерот Дејан Лилиќ, додека Драгана Костадиновска го гради ликот на „Маргарита“ од еден наивен до силен женски протагонист.

Шминката и костимографијата се впечатлив дел кои го надополнуваат дејството. Карактерот на Азазело е успешен пример за целосна трансформација во физичкиот изглед на актерот Ѓорги Јовлевски, кој создаде комплетен и уникатен лик. Комплекснотса на актерската игра е и во постојаното вмрежување на специфични театраски форми кои треба да се пресликаат во различни временски периоди. Усогласувањето на изразите, прави театарски премин од еден во друг концепт, каде гледачот се вклучува како активен чинител во дејството. Интеракцијата со публиката е суптилна но вешта, а тој сооднос прави од петчасовната претстава уживање кај гледачите. Несомнено режисерот успеа да направи претстава која интегрира забава, суштинско пренесување на пораката и емотивна естетика пренесена преку визуелната трансформација.

Авангардниот стил на Поповски ги наметнува прашањата за суштетствувањето и човекот како активно битие низ репресивни општетсвени системи. Цената на животот и безусловената љубов во време на отфрлање на светоста е пататот до другата спротиставеност – ултимативното зло. Во овој свет патењето е неизбежн код во кој мора да влезе егзистенционалното битие кое е умислено како единствен креатор на животот. Почнувајќи од  ликот на Бездомни, кој е успешно портретиран од актерот Сашко Коцев, па се до плејада на карактери, ќе се фрли светлина за границата меѓу човековата нормалност и лудоста.

 

Иако не е супериорен елемент, сепак важен сегмет во претставата е и демистифицирањето на улогата на телото. Актерката, Ана Стојановска во  ликот на преслужничката Гела, покажува дека телото и неговиот природен концепт е во отфрлањето на кичот. Не е бесмислено кога Азазело, ќе и се обрати на Маргарита со репликата дека има видено многу повеќе од голи жени, а тоа се жени со одрана кожа.

Претставата „Мајсторот и Маргарита“ е комплетно уметничко дело со креативна актерска игра, модерна експресионистичка сценографија, која ги доближува уникатните театарски форми до  публиката./ Вероника Камчевска

Фотографија: Нова Македонија

Улогите во претставата ги играат:

Дејан Лилиќ (Мајсторот), Драгана Костадиновска (Маргарита), Никола Ристановски (Воланд/Афраниј), Јордан Симонов (Понтиј Пилат), Сашко Коцев (Иван Николаевич – Бездомни), Оливер Митковски (Корофјев), гостинот од битолскиот театар Петар Мирчевски (Мачорот Ханс Бехемот), Ѓорѓи Јолевски (Азазело), Ана Стојановска (Хела/Низа), Кирил Коруновски (Михаил Александрович Берлиоз), Емил Рубен (Доктор Стравински), Катина Иванова (Парасковја Фјодоровна), Стефан Вујсиќ (Јешуа Ха – Ноцри) и др. Драматизацијата на текстот е на Иван Поповски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Папучевска, а илузионистичките трикови се креација на илузионистот Гаетано Триџано.