Арсенал во неделата го совлада Манчестер Сити со импресивни 5-1, но тој триумф може да се покаже како неважен за битката за титулата во Премиер лигата.
Барем така сугерираат најновите анализи на суперкомпјутер кои предвидуваат дека Ливерпул ќе триумфира убедливо, пишува The Sun.
Иако навивачите на Арсенал почнаа да сонуваат за титулата по овој успех, анализа на AI калкулаторот на „CasinoHawks“ покажува дека Ливерпул ќе остане недостижен. Иако „топџиите“ сега заостануваат само шест бода зад лидерот, Ливерпул има и натпревар помалку – против Евертон.
Според пресметките, тимот на Арне Слот ќе ја заврши сезоната со 29 победи, шест нерешени и само три порази, со 93 бода – девет повеќе од Арсенал. Тоа би било шест бода помалку од шампионската сезона на Ливерпул под водство на Јирген Клоп во 2019/20.
Дали прогнозата ќе се оствари, или Арсенал ќе направи нешто сензационално, останува да видиме.