Суперкомпјутер предвиде дека нов шампион на Англија ќе биде…Манчестер Сити. Премиер лигата се враќа за 32 дена, а Манчестер Јунајтед го пречекува Фулам на „Олд Трафорд“ во воведниот натпревар.
Актуелниот шампион Манчестер Сити ја освои титулата во последното коло минатата сезона по голема драма и го освои рекордниот четврти трофеј во низа.
Според суперкомпјутерот на „Гросвенор Спорт“, тимот на Пеп Гвардиола сепак нема да има голема конкуренција.
Рангирање на Премиер лигата според суперкомпјутерот на „Гросвенор Спорт“:
1. Манчестер Сити 94
2. Арсенал 86
3. Ливерпул 80
4. Манчестер Јунајтед 71
5. Челси 67
6. Астон Вила 65
7. Тотенхем 63
8. Вест Хем 57
9. Њукасл 57
10. Брентфорд 57
11. Кристал Палас 47
12. Борнмаут 46
13. Евертон 42
14. Фулам 42
15. Брајтон 35
16. Саутемптон 35
17. Лестер 34
18. Нотингем 32
19. Вулверхемптон 29
20. Ипсвич 18