Супермоќите на Орбан

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Питер Нидермилер е лут на владата во Будимпешта. „Таа ја отежнува нашата работа“, вели овој левичарски опозициски политичар, градоначалник на Седмиот округ на Будимпешта. Тој во моментов се бори не само со пандемијата, туку и so збунувачки информации од врвот, пренесува „Дојче веле“.

„Стратегијата на владата е контрадикторна. „Утрото, премиерот најави дека училиштата нема да бидат затворени и потоа, истиот ден, тој рече дека тие сепак ќе бидат затворени. Бидејќи општините организираат училишни оброци, тие мора да имаат простор за планирање. Никој не знае што ќе биде со забраната за движење или носењето маски“, вели овој поранешен европратеник.

Одмазда за изборите?

Нидермилер и другите градоначалници од редовите на опозицијата објавија огорчено писмо откако парламентот му даде на Виктор Орбан далекусежни овластувања. Орбан сега владее со декрет сè до „престанување на опасноста“.

„Имаше работи што немаат никаква врска со борбата против пандемијата“, ја коментираше првата мерка на Орбан поранешен заштитник на граѓаните, Јено Калтенбах. На пример, кога опозицијата победи на градските избори во Будимпешта минатата есен, новиот градоначалник ја прекина изградбата на музејските згради во Градската шума по протестите на граѓаните. Сега централната власт со декрет сака да ја продолжи изградбата.

Покрај тоа, се планира кратење на буџетското финансирање од политичките партии, што тешко ќе ја погоди опозицијата. Многумина го сметаат тоа за одмазда за локалните избори на кои Орбан ја загуби Будимпешта и голем број други поголеми градови.

Со хероите од „Војна на ѕвездите“ против пандемијата

Шефот на владата се чини дека ужива во зајакнувањето на својата моќ. На неговата страница на Фејсбук едно видео го прикажува неговиот кризен тим како тим на суперхерои, опкружен со светлосен венец. Сè е придружено со драматична музика. Властите во стилот на „Војна на Ѕвездите“.

Речиси бесконечната моќ на Орбан може да се припише на двотретинско мнозинство во парламентот.

Слични содржини