Се поизгледен е повторен дуел на Доналд Трамп и Џо Бајден и на претседателските избори во САД во ноември откако Трамп победи на републиканските предизбори во речиси сите сојузни држави во кои се гласаше вчера, пренесува „Аксиос“.
На најголемото гласање пред ноември, клучните кандидати за партиските номинации за претседател ги освоија и двете држави со најмногу делегати: Тексас и Калифорнија.
Според проекциите, се очекува Трамп да победи во најмалку 12 држави – Алабама, Арканзас, Колорадо, Калифорнија, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Вирџинија, како и во Калифорнија и Тексас кои носат најмногу делегати.
Најголемиот ривал за републиканската номинација, Ники Хејли, победи во само една држава досега- Вермонт- па нема речиси никакви шанси да стигне до републиканската номинација откако претходно победи само уште во Вашингтон.
На предизборите кај демократите, Бајден победи во сите сојузни држави освен во Американска Самоа, малата американска територија во јужниот Пацифик, каде што освои само 40 гласа, а победи речиси анонимниот кандидат Џејсон Палмер.
Во постизборната изјава од Мар а-Лаго, Трамп повторно го нападна Бајден и неговите мигрантски политики, нарекувајќи го најлошиот претседател во историјата на САД.
Бајден, кој не остана покусо во својата изјава, го нарече Трамп закана за американската демократија.
„Денешните резултати ги оставаат Американците со јасен избор. Ќе одиме напред или ќе му дозволиме на Трамп да нѐ врати во хаос, поделби и темнина“, рече Бајден.