Сусо побарал да си замине од Милан

од Vladimir Zorba

Шпанскиот плејмејкер Сусо во понеделникот остварил средба со газдите во Милан, на која побарал трансфер, јавуваат италијанските медиуми. Фаворити за неговиот потпис се Ливерпул, Севиља и Рома.

Играчот од средниот ред попладнево пристигна во „Каса Милан“ со неговиот агент и остана во зградата околу 45 минути. Според „Калчомеркато“ и „Газета дело Спорт“, Сусо побарал трансфер, нешто што ќе ги направи „росонерите“ повеќе од среќни.

Тој не успеа да се „вклопи“ во новиот систем на тренерот и повеќе не игра толку и добро за клубот. „Росонерите“ ќе сакаат најмалку 25 милиони евра за фудбалерот, но оваа сума тешко може да се добие.

Севиља покажува најголем интерес за играчот, а Рома би влегла во преговори доколку има размена со Ченгиз Ундер плус паричен надоместок.

Слични содржини