208
Полициски службеник е суспендиран и против него ќе биде покрената дисциплинска постапка бидејќи вознемирувал неколку ученички.
Настанот во полиција го пријавиле од средно училиште во Скопје.
„На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, соопштија од полицијата.