СУСПЕНДИРАНА ЛИЦЕНЦАТА на Џулијани: Изјавите за Трамп скапо го чинеа

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Апелациониот суд во Њујорк денеска ја суспендираше лиценцата на адвокатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Руди Џулијани, по одлуката на дисциплинскиот совет дека тој „дал докажано лажни и погрешни изјави“ во врска со поразот на Трамп на изборите во 2020 година.

Судот ја напиша одлуката на 33 страници и наведе дека однесувањето на Џулијани го загрозува јавниот интерес и нареди „привремено суспендирање на Џулијани од адвокатската пракса“, наведува „Њујорк Тајмс“.

„Заклучуваме дека постојат несоборливи докази дека испитаникот на судовите, законодавците и пошироката јавност како адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп и кампањата на Трамп, дал демонстративно лажни и погрешни изјави за неуспешните напори на Трамп за реизбор во 2020 година“, се вели во соопштението.

Инаку, Рудолф Руди Џулијани беше примен во Американската адвокатска комора во 1969 година и работеше во адвокатската канцеларија на Reagan DOJ.

Слични содржини