СУТКОЗ: Инспекторите влегоа во „Водовод“

од Берта Китинска
181 прегледи

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, инспектори од Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат денеска влегле во ЈП „Водовод и канализација“ за да направат увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

Како што информираа од СУТКОЗ, Синдикатот испратил и барање до Управниот одбор за тој да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски остварил и средба со в.д. директорот Марјанчо Митовски, на кој му укажал на сите неправилности и незаконски постапувања на од страна на новото раководство.

-Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија. Исто така СУТКОЗ алармира дека претходното раководство дало согласност и ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени на определено време, а новиот в.д директор Марјанчи Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување со што оставил стотина вработени без егзистенција, соопштија од СУТКОЗ.

Слични содржини