СУТКОЗ најавува нови протести и блокирање на ЈП „Паркови и зеленило“ поради неисплатени плати

Кашиковски од СУТКОЗ на прес-конференција во зградата на ССМ, истакна дека во игра се две иницијативи – покрај штрајкот, да се блокираат и двата влеза на градското претпријатие

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Локално

Од тоа што го добивме како сондажа од нашето членство, сакаме да упатиме апел до раководството на ЈП „Паркови и зеленило- Скопје“ до утре да се исплати платата за месец септември. Доколку до утре, 17-ти октомври, не се исплати платата за септември, од понеделник повторно, во согласност со вработените и нивно решение, можно е повторно да стапиме во штрајк, изјави денеска претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.

Тој на прес-конференција во зградата на ССМ, истакна дека во игра се две иницијативи – покрај штрајкот, да се блокираат и двата влеза на градското претпријатие.

-Пак би значело тоа еден вид на неработење, односно немање на работни активности. Ние ги запазуваме законските прописи кои што предвидуваат минимум функционирање на претпријатието. Ние и во изминатите протести, обезбедувавме минимум функционирање на оние работни задачи и активности на претпријатието. Не стапивме во целосен штрајк и кога ги блокиравме булеварите и раскрсниците кај Град Скопје. Целосно сите вработени не стапија на тие протести туку дел од нив си ги извршуваа работните задачи. Пример се вработените во „Флораком“, потенцира Кашиковски.

Пред десетина дена беше соопштено дека по седумдневните протести на вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна – фирми чиј основач е ЈП Паркови и зеленило Скопје и единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности (СУТКОЗ)денеска се обезбедени пари за исплата на платата на вработените за август, па поради тоа најавената блокада на булеварот Илинден се откажува. Ова тогаш го порачаа од ССМ.