Со помош на четка од природни влакна, вие ќе добиете моќен сојузник во борбата против непријатниот целулит.
Со четкањето на нозете и задникот „на суво“, се отстрануваат мртвите клетки, се поттикнува циркулацијата и се обновува лимфната дренажа.
Важно е само да имате четка со природни влакна, бидејќи синтетичките влакна можат да ја оштетат вашата кожа.
Правете го тоа редовно секој ден, пред туширање, така што ќе започнете од над коленото, нагоре со силни, кружни и истегнувачки движења. Поминете ги бутовите и задникот со масирање од доле кон нагоре, но не притискајте ја кожата пресилно.
После четкањето истуширајте се, а потоа намачкајте го телото со хранлива крема. Резултатите ќе ги забележите за некоја недела, но само доколку редовно го практикувате овој метод.