Свадба среде пандемија: Како изгледа кога Силвио Берлускони го жени својот син? (фото)

од Nikola Popovski

Помладиот син на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, Луиџи Берлускони (32), се оженил со својата долгогодишна девојка Федерико Фумагали во Милано. Венчавката се одржала според мерките за заштита од  коронавирусот.

Венчавката се одржала на почетокот на овој месец, а сега се појавија слики од свадбената церемонија во италијанскиот град, кои го прикажуваат врвниот моден стил на гостите.

На фотографиите пред црквата во Милано не се гледа таткото на младоженецот Силвио Берлускони (84), кој во септември објави дека е позитивен на Ковид-19. Пред венчавката ги чекала резултатите од вториот тест (претходниот бил негативен), па ја пропуштил црковната церемонија и прославата.

Како што напиша „world today news.com“, опцијата Берлускони да се појави на свечена вечера во градот Макерио била отворена на денот на венчавката.

Поранешниот политичар и медиумски магнат не е единствениот кој се борел со коронавирус во своето семејство. Младоженецот бил во изолација минатиот месец, како и неговите сестри Марина и Барбара.

Силвио Берлускони го добил синот Луиџи со неговата поранешна сопруга Вроника Ларио (64) со која ги има и ќерките Барбара и Елеонора. Во бракот со Карло Елвира Лусија Далољо (80), тој ги има ќерката Марина и синот Пјер. Сега е оженет со Марта Фастин (30).

Слични содржини