Додека младоженците по свадбата во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун, северна Турција, оделе кон дома, една роднина на невестата пукала од пиштол и тешко го ранила младоженецот Али К. (23). Тој потоа починал од повредите, јавија турските медиуми.
Жената е приведена, а во нејзиниот двор се пронајдени два пиштола за кои немала дозвола.
Пукањето на свадба е вообичаена практика во северна Турција. Минатата седмица еден маж загинал, а двајца други биле ранети пред венчавката во североисточната покраина Трабзон. Венчавката била откажана, а две лица, од кои едното е полицаец, биле приведени.