Сваровски затвора дел од продавниците, ги раскинува договорите, дели откази

од Берта Китинска

Австрискиот производител на отмен накит и предмети со кристали Сваровски, откако го надмина спорот околу идната стратегија на компанијата, сега своите напори ги насочува кон реформа на својата продажна мрежа.

Гигантот, патем, за време на тековната корона-криза, како и повеќето, се соочи со бројни предизвици, меѓу другото, мораше да отпушти бројни работници поради кратење на трошоците.

Виенскиот магазин „Тренд“ пишува дека дури 33 продавници Сваровски ќе бидат затворени во Австрија. Ова значи дека договорите со 102 трговци ќе бидат раскинати, што беше потврдено од концернот.

Како што понатаму изјавија, планот е да се затворат повеќе продажни објекти низ целиот свет – околу 750 од вкупно 3.000. И нивните сопствени гранки и франшизи ќе бидат укинати.

Слични содржини