Иџет Мемети и Љупчо Ивановски, инаку именувани за нови членови на Советот на јавни обвинители на РСМ, денес ќе дадат своја свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери.
Во своето професионално портфолио, досега Мемети беше Народен правобранител, некогашен министер за правда, уставен судија и државен советник на Валадата, како и член на ДИК.
Адвокатот пак, Љупчо Ивановски бил заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје,како и заменик на народниот правобранител. Од 2006 до денес работи како адвокат.
Инаку советот за јавни обвинители е составен од 11 члена и функционира како орган кој ја обезбедува самостојноста на јавните обвинители во извршувањето на својата функција. Мандатот инаку на сите членови е во времетраење од 4 години, со право на уште еден мандат
Свечена изјава пред претседателот на Собранието денеска ќе даде и Павлина Црвенковска, инаку член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Мемети и Ивановски завчера на 25. собраниска седница со 61 глас „за“, без против и без воздржани беа избрани за членови на Советот на јавни обвинители, а Црвенковска за член на Судски Совет