Свечља: Учесниците во пукањето во кафулето во Приштина имаат над десетина кривични дела

од Nikola Popovski
335 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информирал дека учесниците во синоќешниот инцидент и пукање во кафулето „Бон вивант“ во Приштина претхдно имале над десетици кривични дела.

Свечља на Фејсбук соопштил дека се пуштени на слобода, бидејќи, како што навел, „затаила правдата“.

„Страните вклучени во судирот имаат десетици претходни кривични дела. Кога правдата ќе затаи, слични ситуации се неизбежни! Правдата е работа на полицијата, обвинителите и судиите. Правдата е комплетен систем кога сите институции ги извршуваат своите функции“, навел Свечља.

Тој додал дека е крајно време да се зголеми ефикасноста на полицијата во овој сегмент, но дека пред се е важна одговорноста и одлучноста на Обвинителството и храброста на судиите драконски да го казнуваат криминалот.

„Правдата е доблест што мора да ја брани целото општество, вклучително и граѓански активисти и новинари. Чувството за правда треба да не загрижува сите нас. Примерите за кривично казнување служат и за поддршка на улогата на полицијата. Како дел од стратегијата против организираниот криминал, МВР ќе иницира формирање на работна група за длабинска истрага, не само за овој случај, туку и за други слични случаи“, потенцирал Свечља.

Еден загинат и 17 повредени е билансот од синоќешната престрелка во Приштина. Според полицијата, четворицата осомничени остануваат во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и со одлука на обвинител се задржани под полициски надзор.

Слични содржини