489
Наводна жртва на сексуален напад на американскиот актер Кевин Спејси, денеска пред судот во Лондон изјави дека холивудскиот актер се обидел сексуално да го нападне, а потоа „го пипкал неколку пати“.
Денеска пред судот беше прикажан снимен полициски разговор со првата од наводните жртви, објави „Ројтерс“.
Мажот рече дека Спејси го нападнал околу 12 пати во период од околу четири години во раните 2000-ти, кога биле сами, како на пример во автомобил или лифт.