Сведок во „Диво насеље“ посочува на полициска бруталност

од Vladimir Zorba
87 прегледи

За време на рочиштето во судскиот процес „Диво насење“ еден од сведоците во  истакна дека полицијата пет часа ги малтретирала за време на акцијата. Никој не смеел да излегува, а некои од постарите луѓе, како последица на траумите починале, пренесува Фокус.

timthumb

-Бевме опколени и никој не знаеше што точно се случува. Бевме физички малтретирани, па и не тепаа, изјави пред судот Артизана Фејзулаи чиј татко е еден од обвинетите во случајот.

Сведокот тврдеше дека ниту еден член на нивното семејство не пукал кон полицијата и дека сите кои биле во моментот на акцијата дома биле заспани. На прашањето на обвинителството зошто ако биле повредени не отишле на лекар, сведокот одговори дека полицијата прво предолго ги држела, а потоа имале смртен случај во семејството од полициските трауми.