Сведоштвa за вонземјани во американскиот Конгрес: Дали денес светот ќе се промени пред нашите очи?

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Дали светот ќе се промени пред наши очи денес? Се чини дека постои шанса токму овој јулски ден да го паметиме по некое револуционерно сознание, пренесува сараевски N1.

Имено, во 16 часот по наше време, пред американскиот Конгрес ќе се појават разузнавачи и команданти кои тврдат дека имаат докази дека американската војска одамна знаела за постоење на вонземјани и/или суштества од алтернативни димензии.

Понатаму, тие исто така тврдат дека луѓето се обидуваат да ја реконструираат нивната технологија околу седум децении, што е толку напредна што човештвото нема да има апсолутно никакви шанси ако евентуално агресивен вид би го насочи својот нишан на Земјата.

Да бидеме поконкретни, Конгресот ќе го слушне сведочењето од Дејвид Груш, поранешен разузнавач во министерството за одбрана, човек кој работел во специјална единица за проучување неидентификувани летечки објекти и кој во јуни утврдил дека американската влада веќе со децении крие од јавноста поседување дури и целосно недопрени летала „од егзотично потекло“.

Понатаму, ќе му се придружи Рајан Грејвс, извршен директор на организацијата наречена Americans for Safe Aerospace, чија цел е да собира информации од луѓе кои наводно биле сведоци на НЛО.

Ова многу сериозно сослушување пред Конгресот во живо ќе го пренесуваат одредени светски агенции, а со интерес ќе го следат и оние кои не се заинтересирани за уфологијата, туку за националната безбедност на Соединетите Американски Држави на Америка.

Имено, според извештајот на директорот на националното разузнавање во јануари, федералната влада од 2004 година забележала 510 НЛО, со напомена дека во меѓувреме многу случаи се затворени со забелешки дека главно се работи за дронови или кинески уреди за надзор.

Слични содржини