Сведоштво на пациент од болницата „Жан Митрев“: Во кома бев 11 дена, хемофилтрација ме врати во живот

од Берта Китинска

Откако вчера група граѓани потпишаа писмо за поддршка на др.Жан Митрев и неговата клиника денеска Дејан Каравесковски реши да го раскаже своето искуство со лекувањето со хемофилтрација.

-Бев пациент во болницата “Жан Митрев” во период од 31.01.2021 до 26.02.2021 година.Мојата голгота започнува неколку дена пред 31.01 во болницата во Охрид.Кога ги добив првите симптоми на Ковид19, одма се обратив во Општата болница во Охрид. По направени неколку тестови бев негативен, лежев на нервно одделение каде во моментот беше ковид центар. На 30.01 бев позитивен на тестот и бев префрлен во Инфективното одделение во истата болница.Имав покачена телесна температура, тахикардија и сатурација која беше цело време во опаѓање. Соба со искршени кревети, валкани царшави, искршени прозори потпрени со картони во јануар месец и без греење, раскажува Каравесковски.

Тој појаснува дека кислород немало за сите,а телесната температура ми била многу покачена, а посетата на сестрите и докторите била на 4 до 5 часа.

-Излегов во ходникот и молев за апче за спуштање на температурата и добив одговор дека не им било време за да облечат скафандер и да влезат кај нас во соба. Ужасни услови ги знаеме сите, а еве и за грижата од прва рака.Сопругата инсистираше да бидам префрлен во болницата “Жан Митрев” најмногу заради третманите со хемофилтрација, кои се прават во светот во многу клиники, и конечно достапни и кај нас, во оваа клиника, објаснува Дејан.

Тој појаснува дека на 31.01.2021 со болничко комбе бил пренесен во клиниката „Жан Митрев“.

-Од дочекот до сместувањето во соба, земање крв за анализи до утврдување на мојата моментална состојба поминаа 30 минути. Домашните беа известени за мојата состојба исто така и за начинот на лекување кој ќе го применуваат. Условите во собите на највисоко ниво. Докторите, сестрите, физиотерапевтите достапни во секој момент, а јас како пациент известен за мојата состојба и за лекувањето кое следи. Домашните известени во детали, раскажува задоволниот пациент за своето искуство.

Тој појаснува дека по побараната согласност на неговата сопруга, била уклучена хемофилтрација.

-Поради нестабилната сатурација која беше само во опаѓање, покачената телесна температура и капацитет на плуќа 2%, беше одлучено да бидам ставен во индуцирана кома на респиратор.Во кома бев 11 дена. Во тоа време ми беа направени 3 хемофилтрации со по два филтри.Секојдневно се следеше мојата состојба преку крвни анализи, рентгени и секаква друга апаратура. Имав само 5% шанса дека ќе преживеам, само 5%.Бев приклучен на секаков можен апарат со надеж дека ќе ме спасат.Мојот живот им го должам нив. Др Тања Грамосли, Др Сања, Др Дијана,Др Марко, сите сестри и браќата Астрит, Ристе-рики,Јовче,Фатон без замерки и други останати , физиотерапевти Блаже , Никодин и целиот персонал во клиниката кој се грижеше за мене и ме врати во живот.Секојдневни вежби, посебна исхрана. Ме учеа повторно да застанам на нозе, да почнам да одам чекор по чекор, ме ранеа секој ден. Тие се заслужни за тоа дека сум повртно жѓив! Ви благодарам и Ви се поклонувам! Пример за како треба да изгледа и функционира македонското здравство, вели тој.

Обвинителството, еден ден по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.
На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата Жан Митрев е осомничен за измама на пациенти. Судот му го одзеде пасошот како мерка на претпазливост поради опасност од бегство.

Слични содржини