Сведоштво: Со автомобил влезе во пиљарата, избега па се врати по заборавената табличка

од Берта Китинска

Непочитувањето на прописите во сообраќајот вчера предизвика трагедија пред Сити Мол во која на пешачки премин беше прегазена 24 годишна девојка.

Како што информираа од полицијата, вчера на лице место починала 24-годишна девојка од Радовиш.

-На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од МВР.

МВР информираше дека има уште едно повредено лице во трагичната сообраќајка што се случила во непосредна близина на крстосницата пред „Сити мол“.
Според информациите во медиумите од болницата Св „Наум Охридски“ велат дека момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување.

Севедоштво за сообраќајна несреќа која се случила пред една година сподели др.Ненад Лазаров кој вели дека бил сведок, но никој не го повикла да сведочи за настанот.

-Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно. По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти…На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа, пишува Лазаров.

Слични содржини