14 лица загинаа, а две се тешко повредени кога се откачи и падна кабина од жичарницата што го поврзува италијанското езеро Маџоре со блискиот алпски врв на околу дваесет метри висина.
Жичарницата, која го поврзува местото Стреса на езерото Маџоре и блискиот алпски врв, превезува туристи и локални жители до врвот на планината Мотороне на скоро 1400 метри надморска височина.
„Скршени сме“, рече Марчела Северино, градоначалничка на Стреза.
„Кога се случи несреќата, кабината падна од височина од 20 метри и се тркалаше сè додека не ја запре дрво“, рекла Северино.
„Планинарите слушнаа страшен удар и ги видоа каблите како летаат“, додала таа, наведувајќи дека најверојатна причина е пукањето на потпорниот кабел.
„Телата беа расфрлани во шумата“
Северино исто така изјавилл дека некои од жртвите биле во кабината, а други биле расфрлани во шумата.
„Патолозите започнаа да ги идентификуваат жртвите, меѓу кои има и странски државјани“, вели Северино, не наведувајќи други детали.
Лука Кари, дел од противпожарната служба, изјавил дека сè уште не се знае колку луѓе имало во кабината.
„Нашите тимови сè уште вадат тела“, рече Кари.
Жичарницата Стреја-Мотароне беше неодамна повторно отворена за локалното население и туристите по укинувањето на карантинот.
Врвот на Мотароне е многу популарен и популарен меѓу туристите поради прекрасниот панорамски поглед на езерото Маџоре и погледот кон Алпите.
Возењето до врвот трае 20 минути.
Се состои од две кабини кои возат во спротивни насоки, а секоја кабина може да собере до 40 патници.