Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека вчерашната снимка од убиството на Денис Тот, објавена во јавноста е од друг агол.
-Имаме снимки од сите места и од објектот и од „Сејф сити“. Сето она што може да даде одговор на ова прашање го имаме и предадено на Обвинителството. Сите аспекти се анализираат. Точно се гледа кој е виновник. Оваа снимка не може да ја загрози истрагата. Постојат и очевидци, се земени изјави. Ќе се обезбедуваат докази и преку вештачење на облеката на починатиот, но и облеката на осомничените, вели Спасовски во емисијата „Топ тема“.
Спасовски потенцира дека не сака да навлегува во исказите на осомничените за убиството на Тот.
-Истрагата ќе одговори за причините за овој настан. Во однос на сведоците на убиството, сакам да кажам дека се се разгледува и анализира и никој нема да биде поштеден и не треба да биде поштеден секој оној кој учествувал со сторување или несторување во ова кривично дело. Сите што имаат било каква одговорност, ќе бидат процесуирани, рече министерот.
Во моментот кога се случило убиството, најмалку 8 лица се сведоци на местото на настанот.