483
Мајката на светски популарниот рапер Џеј Зи, Глориа Картер се омажи за својата партнерка Роксан Вилшер. Свадбената церемонија се одржала минатиот викенд на Менхетен.
Како што напиша TMZ, меѓу гостите биле и поранешната членка на групата „Destiny’s Child“, Кели Роланд, Тајлер Пери, Робин Робертс и други.
На венчавката присуствувала и внуката на Глориа, и ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви.
Да потсетиме, Џеј Зи отворено ја поддржува нејзината сексуалната ориентација откако таа јавно призна во 2017 година.
Интересно е што тоа го направи токму во песната на раперот „Smile“.
Со години пред тоа, Глориа ја криела својата љубов кон жените.