„Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот“: Талески откри што според него е недопустливо

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Послабиот перформанс и послабите партии во последниве неколку години на македонскиот ракометар Филип Талески придонесоа да биде цел на бројни критики упатени кон него.

Меѓутоа некои луѓе ги преминуваат границите и навредуваат, што според Талески е недопустливо.

„Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На интервјуата и на статиите со моето презиме има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето на коментираат, ама на секој треба да му се забрани директно во пораки да им се обраќа на спортистите. Според мене тоа е недопустливо, секој може да коментира и да си го кажува мислењето на социјалните мрежи, тоа не ми пречи. Тој епитет го имам затоа што има многу омразени коментари на сите објави“, истакна Талески за „Бекстејџ“.

Слични содржини