Уште не се исуши мастилото од потписите на Договорот, кога СДСМ почна да се кара со сите со кои мора да се здружи ако сака навистина да падне овој режим. Со Шарената револуција, со Левица, со невладините, со новинарите… Со сите што година и пол се на улица и го одржуваат отпорот против власта.
![goran-mihajlovski[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/goran-mihajlovski1.jpg)
Да. СДСМ ги откри бомбите. И секоја чест на храброста на Заев. И секоја чест што херојски ги издржува сите притисоци. И тоа никој не го спори. Ама, нема потреба да се повторува на секои три секунди. И не ми е јасно зошто повеќе од година и пол, уште од оној импозантен марш на Студентскиот пленум во декември 2014, овој муабет воопшто го правиме?
Како тоа СДСМ кажува дека ги почитува граѓанските иницијативи, и студентите, и шарените, а на секоја критика одговара хистерично и валкано како да се ВМРО-вци од школата на Илија Димовски? Оти, ако уште сега се караат со секого што се осмелил да ги критикува, а мора да им биде сојузник за „ова зло никогаш да не се повтори“, ко што би рекол Заев, тогаш како ли ќе се однесуваат ако случајно со вакво однесување дојдат на власт?
Ало СДСМ! Освестете се. Или – СВЕСТЕ ТЕСЕ111, како што пишуваат неписмените тролови по социјалните мрежи. Вие сте најголемата опозициона партија. Одговорноста е ваша. И добрата вест е што покрај вашето членство и одредена бројка сигурно гласачко тело, во Македонија има и некои други, илјадници луѓе кои се спремни да ја поделат одговорноста со вас. Тоа го покажаа на улица. Па, прифатете ги. Големите треба да ја отворат вратата за помалите. А не да ја затвораат.
Оти целта не е СДСМ да дојде на власт. Целта е да падне овој режим.
Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука