Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово.
Децидни се во барањата за линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари.
Пензионерите од Свети Николе велат дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.
Посочија дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.