Светиот крст во Куманово го фати Никола Бојковски

од Nikola Popovski

По повод денешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, го посетија Соборниот храм „Св. Никола“ каде се одржа света празнична литургија, по која беше осветен и фрлен светиот крст.

Во Куманово, светиот крст го фати Никола Бојковски, Димитриевски му посака многу здравје, среќа и успех, додека пак од името на општината му беше врачен и подарок.

„Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци. Посакувам оваа традиција да ја продолжиме во духот на христијанството и заедно да го сочуваме духовното наследство и да ја зацврстиме вербата во Бога. Нека е честит и вековит денешниот празник! Бог се јави! Нека е за многу години празникот Водици!“, изјави градоначалникот Димитриевски.

Слични содржини