Светот го слушна шокантното тврдење за состојбата на Шумахер!

од Vladimir Zorba

Скоро седум години откако Михаел Шумахер настрада додека скијаше на француските Алпи, каде се оддалечи од скијачката патека и ја удри главата на карпа, познатата Италијанка Елизабета Грегорачи се појави пред телевизиските камери и ја откри состојбата на поранешниот шампион во Формула 1.

Поранешната сопруга на поранешниот шеф на Бенетон, Флавио Бријаторе, во моментов настапува во италијанскиот „Голем брат“, а за време на тоа исклучително популарно шоу пред гледачите тврдеше дека Шумахер моментално е во Шпанија, поточно во вила на Мајорка. Според нејзините сознанија, продолжи таа, Шумахер сè уште не е во можност да зборува и да комуницира со неговите очи, а неговата сопруга практично ја претворила вилата во болница.

„Само на три лица на овој свет им е дозволено да го посетуваат, а јас знам кои се тие“, рече Грегорачи, чии тврдења не треба да се сфаќаат лесно, со оглед на тоа со кого била во брак. Да потсетиме, Шумахер возеше за Бенетон од 1991 до 1995 година и лесно може Бријаторе да е целосно запознат со здравствената состојба на седумкратниот светски шампион. Неговото семејство се одлучи за приватност и криеше детали од јавноста цело време, а само поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод изјави дека неодамна го видел Шумахер.

– Го видов Мајкл. Се бори. Знаеме дека тој имаше страшна скијачка несреќа што му создаде многу проблеми, но покрај себе има неверојатна сопруга, деца, медицински сестри и можеме само да му посакаме најдобро – изјави за новинската агенција ПА.
Тод во јануари тврдеше дека гледал една од трките со Шумахер, а за неговата состојба зборувал и Никола Акијари, еден од водечките италијански неврохирурзи.

– Шумахер повеќе не е во кома, но едноставно тој повеќе не е човекот што го познававме одтрките. Тој денес е поинаква личност, физички и психички, со изменети органски, мускулни и скелетни структури. Тоа е резултат на трауматска повреда на мозокот што ја претрпе кога падна и ја удри главата – изјави Акијари за „Контро Копертина“.

Слични содржини