Светот има уште 9 години, предупреди Кери

од Vladimir Zorba

Специјалниот претставник за климатски прашања во Белата куќа, Џон Кери предупреди дека светот има само девет години да дејствува, со цел да се избегне климатска катастрофа.

„Околу 2030 година е времето до кога мора да бидеме на вистинскиот пат да го запреме нивото на глобално зголемување на температурата за 1,5 степени“, рече Кери, пренесе „Фокс њуз“.

Тој потсети дека научниците пред три години рекле дека имаме 12 години да го избегнеме најлошото сценарио во врска со климатската криза.

„Поминаа три години, така ни преостануваат околу девет години. Нема простор за поголема релаксација. Овој пат нема лажирање, преправање. Очигледно, ние сакаме да спречиме климатска катастрофа за да не стане „ново нормално“, оцени Кери за Си-Би-Ес Њуз, алудирајќи на смртоносните снежни бури во САД.

Тој заклучи дека популарното мислење е дека климатските промени се однесуваат само на зголемување на температурата, а не на намалување, додавајќи дека промените се однесуваат на сите временски услови.

Слични содржини