Светот ја дочека Новата година и покрај заканите од тероризам

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Европа и светот ја дочекаа новата година со насмевки и здравици, но и со засилени мерки за безбедност кои „оладија“ расположение.

340001-za-nova-godina-mozhni-se-napadi-po-evropskite-prestolnini

Спектакуларните огномети беа откажани во Брисел и Париз каде се уште е живо сеќавањето на терористичките напади од ноември. И покрај тоа, јавниот дочек организиран беше на париски булевари и Елисејските полиња.

Во Брисел на полноќ можеа да се видат само приватни огномети пропратени со воздишки и гласна музика.20160101.bxapbzewyf

Во Минхен неколку минути пред полноќ полицијата евакуираше две железнички станици и објави дека постои сериозна и непосредна закана од терористички напад.

И во Берлин имаше засилено присуство на полицијата во близина на Брандербуршката капија каде стотици илјади луѓе ја дочекаа Новата година.policija ny nova godina

Точно на полноќ небото во Сиднеј го осветли традиционален огномет од пристаништето. Тоа беше првата светска метропола која ја дочека Новата година. Таму повеќе од милион луѓе присуствуваа на прославата, а ширум Австралија локалните власти дополнително побараа обезбедување од илјадници полицајци за патролирање низ градовите.

Fireworks explode over the Sydney Opera House and Harbour Bridge as Australia's largest city ushers in the New Year, January 1, 2016.     REUTERS/Jason Reed

Fireworks explode over the Sydney Opera House and Harbour Bridge as Australia’s largest city ushers in the New Year, January 1, 2016. REUTERS/Jason Reed

Прославата на новата година во Кина беше организирана во Пекинг со претстави и огномет, а телевизијата директно пренесуваше гала концерт од Националниот стадион.

Шангај сепак, поради безбедност го затвори познатото шеталиште Бунд каде лани за нова година во стампедо загинаа 36 луѓе.

(ВИДЕО)Вонредна! Избегнат тероризам во Њујорк во 5 до 12 од Нова година

Во Бангкок десетици илјади луѓе ја дочекаа Новата година во центарот на градот додека тајландските власти распоредија околу 5.000 полицајци.

(ВИДЕО) Спречен терористички напад во Минхен

Во Појасот Газа исламистички Хамас забрани новогодишна прослава како западен обичај спротивен на Исламот. Рестораните и хотелите организираа собири ден претходно или допрва ќе приредат прослава