До кога светот ќе молчи за Венецуела?
Во една демократија народот е суверен, а слободно избраниот парламент ја изразува неговата волја. За демократите седиштето на парламентот претставува нешто како катедрала на слободата.
Токму во денот кога Венецуела, кога се слави 206 години од прогласувањето на својата независност, Чави упаднаа парламентот во Каракас, ги прекршија до крв демократски избрани пратеници и со часови држеа како заложници стотици луѓе. Сето ова се разигра пред очите на Националната гарда на претседателот – и тоа непосредно откако вицепретседателот во својот говор пред парламентот беше зборувал со “часа на револуционерите” и беше го повикал обичниот народ да влезе во пленарната сала.
Мадуро ја презира демократијата
Едвај може да се најде доказ за тоа дека владата на Венецуела не дека не ја презира демократијата и дури повикува кон пресметка со нејзините претставници. Никој не би можел повеќе да верува дека претседателот Мадуро и неговите Чави имаат намера да водат сериозни преговори со опозицијата, која располага со парламентарно мнозинство од речиси две третини.
Мадуро навистина се дистанцира од појавите на насилство, но тоа беше чисто формален акт. Бидејќи истиот тој претседател изјави минатата недела повеќе од јасно: “Она што не можеме да го постигнеме со избори, ќе го извојувана со оружје!”. Истиот претседател, кој пред само неколку недели објави дека тие кои го поддржуваат, ќе добијат 500.000 пушки, сега се прави дека не е “соучесник на насилството”.
Притоа насилството веќе одамна владее низ улиците на Венецуела. По 97 дена на речиси секојдневни масовни демонстрации против владата, во земјата има над 90 убиени – повеќето од редовите на демонстрантите. Силите за безбедност дејствуваат со огромна бруталност, а вооружените “colectivos” не остануваат поназад. Колку подолго трае оваа нерамна битка за превласт, толку помала е и веројатноста демонстрациите да останат мирни. Веќе има и такви кои имаат корист и се профитери од сеопштиот неред .
Засега излез нема!
Во Венецуела инфлацијата сеуште е галопирачка со поголема брзина од онаа со која претседателот може да го зголемува нивото на минималната плата. Во земјата се уште има недостиг на прехранбени производи и лекови. Нивото на криминалот е една од највисоките во светот. Од сето тоа засега не се појави никаков излез.
По околу три недели е предвидено да се одржат изборите за Велико народно собрание, кои се така грижливо подготвени да завршат во корист на Чави и конечно да ја цементираат власта на Мадуро. Две недели порано опозицијата сака да организира референдум против претседателот.
Отпорот против предвидената поништување на поделбата на власта во Венецуела останува така силна, но и очајот на опозицијата расте. На меѓународната заедница не и ‘останува премногу време за да го неутрализира оваа опасна ситуација. Пред година и пол венецуелските граѓани гласаа со огромно мнозинство за тоа опозицијата во парламентот да оствари промени во земјата. Вчера секој еден од овие избирачи доби удар со тупаница во лицето, и раскрвавен нос.