Светот се прашува дали Трамп го призна поразот

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп на некој начин призна денес дека неговиот противник Џо Бајден победил на изборите, но тој веднаш ги повтори своите тврдења дека изборите биле наместени.

„Тој победи само затоа што изборите беа наместени. На набљудувачите не им беше дозволен пристап, гласовите ги броеше приватната компанија на радикалната левица „Доминион“, со лоша репутација и лоша опрема, која не можеше ниту да се квалификува за Тексас (во која убедливо победив!)“, изјави Трамп.

Набргу потоа, како да се предомислил, Трамп повторно се огласи на Твитер.

„Тој победи само во очите на лажните медиуми. Не признавам никаков пораз. Ни претстои долг пат. Ова беа наместени избори“, рече тој.

Патем, ова не е прв пат Трамп да го обвини „Доминион“ за користење софтвер направен од српски развивачи за кражба на гласови.

Обвинувањата на Трамп беа прифатени како вистинити од десетици илјади корисници на социјални мрежи – претежно оние кои го фаворизираа Трамп и генерално ширеа непроверени информации – кои веднаш почнаа да споделуваат соопштенија дека истакнати фигури на Демократската партија, како Клинтон, имаат удел во компанијата, што не е точно, како дека станува збор за голема измама во која учествувале српски инженери.

Слични содржини