Светот во паника од “WannaCry” – признаа дека е најголемиот кибер влез досега!

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Роден IT специјлаист го  објави она што се случува и како да се спречи  

Меѓународната  заедница погодена од голем сајбер  нпад вели дека тоа е чисто злосторство. Нема ништо политичко во тоа. Всушност тоа се си најобични криминалци кои имаат компјутерски вештини.

Според  IT експертите  сето тоа се случило благодарение на “оружје” кое претходно оваа година беше украдена. “Тие  ја користат најслабата алка на Microsoft и најниска  култура како потрошувачи. Важно е едно – луѓето да не се паничат  “, предупредуваат еспертите.

Во меѓувреме стана јасно дека над 100 земји биле погодени од сајбер напади преку “малвер” “WannaCry”. Се смета дека тоа е најголемото киберизнуда некогаш направена. Русија е најсилно погодена од нападот, а меѓу настраданите институции се Министерството за внатрешни работи, Министерството за вонредни ситуации и најголемата банка во земјата: “Сбербанк”. Шпанија, Велика Британија, Украина, Тајван и Индија се исто така меѓу настраданите земји, коментираат истражувачите од Лабораторија Касперски (најголемата европска компанија специјализирана за развој на антивирусен софтвер).

„Касперски Лаб“: Извршени 45 илјади хакерски напади во 74 држави во светот

Од Лабораторијата прецизираа дека “малвер” влегол  барем  во 74 држави. Иако точниот број на настраданите земји се уште не може да биде утврден, според експертите Сајбер-нападот е невиден по својот обем.

Претходно денеска и поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност (АНС) на САД, Едвард Сноуден  го коментира нападот и ја објави својата верзија за тоа кој е виновен .

Сноуден ја обвини АНС дека не спречила глобалнен кибер напад