185
Светска банка (СБ) во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи прогнозира раст на македонската економија од 2,4 проценти годинава, што е за 0,7 процентни поени помалку во однос на објавената проекција во јуни лани.
Проекцијата на Владата за економскиот раст на државава за годинава е 2,9 проценти.
СБ има надолна ревизија и на проекцијата за македонскиот БДП за 2024 година за кога прогнозира дека ќе изнесува 2,7 проценти, односно надолната корекција е 0,5 процентни поени.
Анализите на СБ покажуваат дека Северна Македонија ја заврши 2022 година со раст од 2,1 процент.