Светска банка: С. Македонија со економски раст од 2,5% во 2024, во 2025 ќе биде 2,9

од Nikola Popovski
320 прегледи

Светска банка прогнозира раст на македонскиот БДП во 2024 година за 2,5%, а во 2025 за 2,9%, стои во нивниот извештај за економската состојба во земјите од Западен Балкан. Во споредба со останатите земји, за Македонија има прогнози за најслаб раст за тековната година. За прогнозите во 2025 година, послаб раст од нашиот се очекува само во Црна Гора.

Оттаму наведуваат дека економскиот раст на Западен Балкан се предвидува да расте во 2024 година, а дополнително забрзување се очекува во 2025 година, што ќе го врати на просеците пред пандемијата. За да се намали јазот во развојот со Европската унија и да се подобри животниот стандард за нејзиниот народ, во извештајот се додава дека регионот треба да продолжи со спроведувањето на реформите. Ова вклучува зголемување на инвестициите, овозможувајќи им поефикасно да придонесуваат за севкупниот економски развој.

-Економската активност на Западен Балкан се очекува да се зголеми на 3,2 отсто оваа година, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвиденото на Светската банка во претходното издание на извештајот и понатаму за 3,5 отсто во 2025 година.

Поединечните прогнози за шест економии на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, беа вклучени во економското ажурирање на Светска банка за Европа и Централна Азија, стои меѓу другото во извештајот.

Слични содржини