Светска премиера на „50 Shades Freed“ во Париз

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Светската премиера на филмскиот хит „50 Shades Freed“ се одржа во Париз.

Долгоочекуваната реализација на третата книга од серијата „50 Shades“ на Е.Л. Џејмс е веќе факт.

На црвениот тепих на гала вечерта се прошетаа актерите и креаторите на филмот, како и авторот на романот.

Главните актери – Дакота Џонсон и Џејми Дорнан беа во центарот на вниманието.

Дакота носеше бел фустан на „Prada“, кој беше надополнет со елегантна фризура и дијамантски накит од „Tiffany & Co“. Беше логично за актерката да се обложи на белата боја, откако тоа стана нејзина традиција.

Беше во бела боја и на премиерата на претходниот дел од трилогијата – „50 Shades Darker“ во 2016 година.

https://www.youtube.com/watch?v=WMkFafZhImQ

Слични содржини