Позната е изреката: „Едно јаболко на ден го држи лекарот подалеку“. Ова овошје е многу ценето и секогаш присутно во секојдневната исхрана.
Ги има во текот на целата година. Има црвена, жолта, зелена, слатка, кисела… дури околу 8.000 сорти.
Светскиот ден на јаболкото се слави секој 21 октомври од 1990 година; создаден е во Велика Британија за да ја запознае јавноста со сортите јаболка, културата и историјата.
Едно средно јаболко од околу 200 грама содржи 104,28 грама јаглени хидрати, пет грама влакна, 10 отсто од дневната вредност на витамин Ц, шест отсто од дневната вредност на бакар, пет отсто од дневната вредност на калиум, четири отсто од дневната вредност на витаминот К, а истата порција обезбедува од два до пет проценти од дневната доза на витамините Е, Б1 и Б6, наведува „Healthline.com“.
Јаболката се исто така богат извор на полифеноли, важна група на антиоксиданси.
За да го извлечете максимумот од јаболката, јадете ги со лушпа бидејќи содржи половина од влакна и најголем дел од полифенолите.
Има многу предности кои јаболката ги имаат за здравјето на организмот, а ова се само некои од нив.
Можат да поддржат губење на тежината
Многу богати со влакна и вода, јаболката даваат чувство на ситост, што е корисно во многу стратегии за слабеење. Ова, пак, може да доведе до намалување на внесот на енергија, како што покажуваат студиите.
Во една студија, јадењето цели јаболка го зголемило чувството на ситост до четири часа подолго од консумирањето еднакви количини на пире од јаболка или сок. Целите јаболка го намалуваат празнењето на желудникот, а истражувањата исто така сугерираат дека внесот на јаболка може значително да го намали индексот на телесна маса (БМИ), фактор на ризик за срцеви заболувања поврзан со тежината.
Интересно е што полифенолите од јаболкото може да имаат и ефекти против дебелината.
Можат да придонесат за здравјето на срцето
Истражувањата покажуваат дека јаболката се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања. Една од причините може да биде тоа што содржат растворливи влакна, кои помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта.
Исто така, јаболката нудат полифеноли, од кои некои, како епикатехинот, можат да го намалат крвниот притисок. Флавоноидите може да помогнат во спречување на срцеви заболувања со намалување на крвниот притисок, намалување на оксидацијата на ЛДЛ холестеролот и намалување на атеросклероза, таложење на наслаги во артериите.
Можат да го подобрат здравјето на цревата
Благодарение на пектинот, еден вид влакна кои делуваат како пробиотик, јаболката ја хранат цревната микробиота, добрите бактерии во цревата, кои дополнително влијаат на општата состојба на организмот.
Бидејќи диеталните влакна не можат да се сварат, пектинот стигнува до дебелото црево недопрен, поттикнувајќи го растот на добрите бактерии. Особено, го подобрува односот на Бактериодети и Фирмикути, двата главни типа на бактерии во цревата.