319
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро наводно бил хоспитализиран, објавија некои светски медиуми. Веста, сепак, не е официјално потврдена.
Не е познато зошто Болсонаро е хоспитализиран, но познато е дека тој отворено говореше дека нема да биде вакциниран против коронавирус.
Во Бразил се водат околу 23 истраги против него, а последната се однесува на корупција при набавка на вакцини против коронавирус.
„Ројтерс“ објави дека Болсонаро бил пренесен со воен хеликоптер во болница во главниот град на Бразил, а Си-Ен-Ен изјавил дека бил итно однесен.
Некои локални медиуми објавија дека Болсонаро одеднаш почувствувал силна болка во стомакот.