Светски скандал: Ѕвезда на Манчестер Сити е обвинета за четири силувања

од Nikola Popovski
347 прегледи

Манчестер Сити е во фокусот на светскиот фудбал поради настаните на и надвор од теренот. Овој пат, скандал сериозно го погоди клубот бидејќи Бенџамин Менди беше обвинет за силување.

Клубот издаде официјално соопштение во кое го суспендираше фудбалерот поради четири случаи на силување и еден случај на сексуално насилство, пренесе британската полиција.

Менди беше обвинет од три лица на возраст над 16 години.

Сите случаи се случиле помеѓу октомври 2020 и август 2021 година. Менди е веќе во притвор и ќе се појави пред судија во петок, а полицијата побара од медиумите да не ги објавуваат деталите за истрагата поради „правично судење“.

Клубот најави дека нема да се огласува понатаму за овој случај додека не заврши судењето.

Менди е едно од најскапите засилувања во историјата на клубот, бидејќи летото 2017 година, тој беше платен 58 милиони евра.

Слични содржини