Новак Ѓоковиќ реши да игра на Австралија опен, а неговата одлука привлече големо внимание. Еден британски весник се потруди максимално да го искористи фактот што Србинот доби медицинско ослободување.
„Антиваксерот број 1 во светот Новак Ѓоковиќ лета за Австралија опен и ќе игра таму, и покрај правилата за забрана за невакцинирани играчи, го разгоре гневот користејќи дупка во правилата за медицинско изземање“, ја објаснија британските медиуми одлуката Ѓоковиќ да замине за Мелбурн.
Овој наслов го објави „Дејли мејл“, а привлече големо внимание кај фановите на најдобриот играч на планетата.
Оттаму објаснија како може да се добие медицинско ослободување кое се издава без да се знае името на лицето кое аплицирало за тоа.
„Ѓоковиќ е добро познат по својата слобода на избор и поглед на вакцината, бидејќи претходно го изразуваше својот скептицизам.
Познато е дека има мал број други играчи кои успешно се пријавиле за овие дозволи и дека веќе се во Австралија, но нормално дека главниот фокус бил на работи кои се неоспорен проблем.
Не е сигурно каков пречек ќе добие, и од јавноста и од неговите тенисери. „Мелбурн е најзаклучениот град во светот и моментално бележи голем пораст на „омикрон“ видот на коронавирусот“, се вели во текстот.
„Дејли мејл“ објави и реакции од незадоволни фанови од овој „попуст“ на Ѓоковиќ.
„Крег Тајли, ако нешто вреди, ако Ѓоковиќ игра на Австралија опен, ќе го бојкотирам целиот турнир. Нема да гледам ниту една минута од преносот. Тоа е протест и можам да го направам тоа“.
„Посакувам оваа вест за Ѓоковиќ да беше шега. Само велам не“.
„Не сум среќен поради ова. Размислувам да го бојкотирам нашето доаѓање“.
„Подобро е ова да е шега, не поминав низ заклучувањето поради ова. Новак Ѓоковиќ вели дека има ослободување од вакцинација за да влезе во Австралија“.
„Како локален жител, морав да се вакцинирам за да продолжам да работам, да одам во кафулиња, да се вратам во нормала. Секој работник и човек што купил билет за Австралија опен е вакциниран. Зошто Новак Ѓоковиќ е исклучок?“